Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитика(Видео) Бошкоски: Гарантирам дека повеќе од половина затвореници се осудени без докази

(Видео) Бошкоски: Гарантирам дека повеќе од половина затвореници се осудени без докази

Лидерот на Обединети за Македонија и бивш министер за внатрешни работи, Љубе Бошковски, денеска пред почетокот на судењето за „Ровер“ рече дека во националните затвори има и доживотно осудени луѓе, а за кои не е докажано делото.

-„Нема да зборувам за случаите „Кампања“ и „Ровер“, за тоа зборуваа многу релевантни институции, сакам да апелирам за многу сериозен момент во кој се наоѓа нашето судство“, рече Љубе Бошкоски.

–„ Посебно денеска сакам да зборувам за оние луѓе кои останаа во Идризово и во другите затвори низ државата за кои гарантирам дека повеќе од 50% се осудени без докази. Во овие денови посебно се ангажирам за еден мој голем пријател од Косово со кого заедно поминавме 5 години, господинот Флорим Малоку, кој 8 години лежи за дело кое не е докажано. Денеска сакам да апелирам за условите во затворот, да им помогнеме на затворските управи, на директорите на затворите низ државата за невозможните услови за живот во кои се наоѓаат затворениците низ затворите во државата“, рече Бошкоски.

Тој истакна дека целиот политички кредибилитет го насочува кон подобрување на условите во затворите, а пред се да се ривидираат сите постапки на затворениците кои се неправедно во затворите.

– „Јас ви гарантирам дека има таму и доживотно осудени луѓе, за кои не е докажано делото. Тоа е сериозен проблем со кој е соочена Македонија, проблем кој очекувам дека ќе биде решен и сериозно сфатен, а за мојот случај други зборуваат“, рече Бошкоски.

Извор: а1он.мк