HomeДЕНЕШНАПолитикаВидео: Боки 13 обвинува -Закани за семејството на малиот Лука, ќе им го одземат детето ако не одат во центар за згрижување

Видео: Боки 13 обвинува -Закани за семејството на малиот Лука, ќе им го одземат детето ако не одат во центар за згрижување

По сторијата на Тв 21 за малиот Лука кој нема што да јаде и неговото семејство, шоуменот Боки 13 обезбеди стан за загрозеното семејство. Сега шоуменот на својот Фејсбук профил обелодени притисоци врз семејството. Наместо конечно да живеат достоинствено и во мир, семесјтвото стравува да не остане без своето дете. Боки 13 објави видео во кое вели дека градоначалникот на Свети Николе со локални функционери на ДПМНЕ отишле во домот на малиот Лука и им се заканувале на родителите дека ако не отидат во некоја соба од центарот за згрижување, ќе им биде одземено детето. Со ваквиот потег се прекршуваат основните човекови права, а институциите наместо да преземат одговорност, тие дополнителного тероризираат семејството. Погледнете го видеото.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com