HomeДЕНЕШНАСветВидео: Боб Дилан доби Нобелова награда за литература

Видео: Боб Дилан доби Нобелова награда за литература

Американскиот легендарен пејач и поет Боб Дилан ја доби Нобеловата награда за литература за „создавање нови поетски изрази во рамките на величествената американска традиција на песната“, објави денеска Нобеловиот комитет во Шведска.

Веста што беше објавена во Стокхолм дојде како изненадување, иако Дилан, (75) често беше споменуван како можен кандидат, но неговото дело не се вклопува во традиционалните литературни канони за романи, поезија и куса проза какви што беа оние на досегашните добитници.

Дилан е првиот Американец што станал нобеловец за литература по Тони Морисон која ја доби наградата во 1993.

Нобеловата награда е една од најпрестижните и финансиски најдарежлива награда. Победникот зема над 900.000 долари.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com