HomeДЕНЕШНАСветВидео: Блокирани сметките на руската ТВ-мрежа Раша тудеј. Слободата на говорот доведена во прашање

Видео: Блокирани сметките на руската ТВ-мрежа Раша тудеј. Слободата на говорот доведена во прашање

Банкарските сметки во сопственост на руската државна телевизија „Русија Денес“ од денеска се замрзнати во Велика Британија. Главниот уредник на телевизиската мрежа, Маргарита Симонијан на социјалната мрежа „Твитер“ напиша: „Сите наши сметки во Велика Британија се затворени. Одлуката не подлежи на ревизија. Да живее слободата на говорот“ – напиша Симонијан. Таа не соопшти дополнителни информации околу причините за замрзнувањето на сметките.

Претходно оваа година, мрежата беше обвинета дека цензорирала снимка од руските авиони во Сирија за да ја прикрие употребата на запаливи бомби. Снимката подоцна беше вратена, а од „Русија Денес“ истакнаа дека снимката била тргната поради безбедност на пилотот.


Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com