HomeДЕНЕШНАСветВидео: Бела Америка го одбра дрскиот Доналд Трамп за претседател

Видео: Бела Америка го одбра дрскиот Доналд Трамп за претседател

donald-tramp

Доналд Трамп во последните денови од кампањата успеа да направи тотален пресврт и да ја победи Хилари Клинтон, главната кандидатка на естаблишментот, со што направи вистинска револуција за обичниот гласач кој е уморен од слаткоречивите политичари од Вашингтон кои многу зборат, а ништо не работата.

Благодарение на гласовите на белците Трамп ги доби клучните електори во сојузните држави Флорида, Северна Каролина, Индијан, Пенсилванија и изненадувачки во Мичиген. Токму поради тоа и не беше важно што ги загуби Њујорк и Калифорнија иако и таму водеше тесна битка и овои доволен број на електори.

2016-election-new-yor_kuma

Исто така ги врати Ајова, Охајо и Висконсин кои Републиканците ги изгубија на изборте во 20212-та. Единствено малцинствата не гласааа за Трамп плашејќи се од неговите антимигрантски ставови, како и лошата реторика за движењата за правата на црнците.

Трамп ќе ги застапува интересите на бизнисот, но ветува дека ќе создаде десетици милиони нови работни места кои ќе бидат високо платени, ќе ги поедностави даночните политики, ќе ја засили армијата на САД, но ќе ги сопре непотребните војни и ќе бара од сојузниците тие да се ангажираат воено бидејќи нема намера да ги штити богатите земји.

tramo

По изборите Трамп изјави дека сега е време за единство и народот да ги надмине раните од долгата и исцрпувачка кампања која внесла многу поделби. Се обврзувам за секој граѓанин во нашата земја, ветувам дека ќе бидам претседател на секој Американец, а тие кои не гласаа за мене ви давам шанса да ми дадете совети и насоки како да владеам, изјави Трамп.

Хилари Клинтон се уште не му ја честитала победата на противкандидатот иако токму од нејзината кампања беа бесни кога Трамп во последната дебата посочи дека ситемот е наместен против него и дека ќе види дали ќе ги признае резултатите. Кампањата на Клинтон се уште чека броење на гласовите и можно прегласување во одредени окрузи. Разликата меѓу нив е одвај 300.000 гласови.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com