Friday, Apr 19, 2024
HomeГИГА БАЈТСмартфонВидео: Батеријата на Samsung Note 7 запали џип

Видео: Батеријата на Samsung Note 7 запали џип

Нема крај за проблемите на Samsung со батериите на Galaxy Note 7. Сега настрада џип кој речиси целосно е уништен по експлозијата на батеријата. Компанијата неодамна најави глобално повлекување на Galaxy Note 7, но дел од корисниците на форумите коментираа дека немале никакви проблеми со смартфоните и дека не планираат да ги заменат бидејќи не сакаат повторно да ги префрлуваат сите податоци.

Проблеми со новиот модел на Samsung немал ни Нејтан Дорнахер од Сент Петерсбург, се додека не го оставил својот таблет на полнење во автомобилот. Note 7 експлодирал, ја запалил внатрешноста на автомобилот и речиси целосно го уништил Jeep Grand Cherokee. За среќа никој од неговото семејство не настрадал.

Samsung најави дека ќе му помогнат околу оштетениот автомобил, а повтори и дека сите сопственици треба да ги заменат постоечките Note 7 modeli. Нејтан Дорнахер кој досега редовно купувал нов Note модел, за Fox изјави дека повеќе нема да купува Samsung производи.