HomeДЕНЕШНАСветВидео: Јазидскиот активист спаси уште една сексуална робинка на ИСИС

Видео: Јазидскиот активист спаси уште една сексуална робинка на ИСИС

Јазидскиот активист, Абу Шужа Денаји кој неколку години се занимава со ослободување на заробени Јазитки од рацете на терористите на ИСИС, ослободил уште една нивна жртва. Џихадистите ја заробиле Ум Али уште во 2014-та година, откако го заземале градот Синџар. Ја воделе насекаде со себе, дури и во борби. Покрај тоа што готвела и перела, им била и сексуална робинка.

Абу Шужа вели дека несреќната Ум Али е мајка на пет деца, од кои ослободени биле четири. Петтиот син и сопругот на оваа Јазитка биле заробеници на терористите во градот Деир Ел Зор. Ум Али мора да посетува психолошка рехабилитација бидејќи последиците од злоставувањето низ кое минала се видливи на прв поглед.

Абу Шужа не сака медиумско внимание, бидејќи тоа што го прави е „чесно и достоинствено дело“ и скромно признава дека досега успеал да ослободи повеќе од 2.000 жени и девојки од јазидско потекло.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com