Tuesday, Apr 23, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈААтлас(Видео) Австралија: Орел се обидел да одлета со дете во канџите

(Видео) Австралија: Орел се обидел да одлета со дете во канџите

Огромен орел се обидел да грабне мало момче, додека траела изложба на ретки птици во Австралија.

Група луѓе, кои заедно со момчето учествувале во популарна програма за запознавање со дивината во тој парк, вчудоневидено гледале како орелот го фаќа момчето за глава, кое успеало да побегне и да помине без сериозни повреди.

Кристин О Конел која на 6 јули кога се случил инцидентот била со својот сопруг во паркот кажа за ББС дека орелот “слетал директно на момчето на оддалеченост од 15 метри“.

-„Орелот го фати момчето за зелената блуза и се обиде да го крене во водух пред да интервенираат луѓето во паркот“, рече таа.

Момчето, за кое се верува дека има меѓу шест и осум години, се здоби само со „површински гребнатинки по лицето“.