Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионВидео: Авион излета од писта, преку бетонски ѕид удри во автобус

Видео: Авион излета од писта, преку бетонски ѕид удри во автобус

Нема крај на драмите на аеродромот во Истанбул. Авион „Airbus A310-300“, кој летал од Техеран до Истанбул, се удри во бетонски ѕид за време на слетувањето.

Патничкиот авион излетал од пистата и се заглавил во ѕидот, зад која имало паркирано автобус. Ударот во ѕидот не успеал да го запре и еден дел од авионот завршил врз автобус, во кој според прелиминарните податоци немало луѓе.
Евакуирани биле сите 150 патници, а според тамошните медиуми нема повредени.