Saturday, Apr 20, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноВидео: Англискиот на Тито подобар од оној на Иванов

Видео: Англискиот на Тито подобар од оној на Иванов

Титовата посета на Лондон во 1953 година тогаш била во центарот на вниманието на медиумите, а прилозите од тоа време се чуваат како историски сведоштва. Тито кој со својот брод Галеб пристигнал во Лондон бил пречекан од Ентони Идн, Винстон Черчил и други британски државници, а југословенскиот лидер на присутните им се обратил на англиски јазик.

Кога лидерите ќе направат некој кикс или грешка, по непишано правило, заслужуваат по некоја шега на нивна сметка. На пример, за англискиот на Тито можете да правите шеги за неговиот руски акцент, но како ќе се шегувате со англискиот на Ѓорѓе Иванов? Обидете се да му најдете барем една грешка во „англискиот“.