Saturday, Apr 20, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмВидео: Ангела Меркел во германски спот се појавува како лезбејка

Видео: Ангела Меркел во германски спот се појавува како лезбејка

Во пресрет на утрешното излегување на првиот број на едно ново германско списание кое ќе ги третира проблемите на лезбејките беше промовиран цро-бел спот во кој се појавува и германската канцеларка Ангела Меркел. Меѓутоа, како што објави италијанскиот весник „Кориере дела сера„ Ангела Меркел која што се појавува во спотот, всушност не е германската канцеларка туку нејзина двојничка.

Во една од сцените на спотот „Меркел„ стои крај прозорецот, а зад него се слуша вест од радио дека 62 проценти од Германците ги подджуваат исполовите бракови. Ваквиот спот според весникот се оценува како критика упатена на сметка на Меркел, која неодамна во едно интервју изјави дека не поддржува дискриминација, но дека за неа бракот е заедница само меѓу маж и жена.

Мора да се признае дека овој потег на уредниците на магазинот е храбар, имајќи предвид дека ја претставуваат најмоќната жена во Светот како лезбејка. Инаку, новото германско списание за лезбејки се вика „Стрејт„.