Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионВидео: Анархисти упаднаа во вестите на ЕРТ

Видео: Анархисти упаднаа во вестите на ЕРТ

Членови на анархистичката група „Рубикон“ упаднале синоќа во грчката државна телевизија ЕРТ за време на централниот дневник. За време на интервју со поранешниот генерален секретар на Грчката комунистичка партија, Лиана Канели во студиото дошле околу 20 лица. Јубилејното, роденденско емитување на вестите било прекинато, а во етер бил пуштен документарец. Анархистите побарале во емисијата да биде прочитан нивен текст.

Имало тепачка меѓу нив и новинарите. Еден од камерманите на телевизијата бил повреден. Полицијата приведе 22 лица. Претходно членовите на „Рубикон” одржаа неколку слични акции, а во една од нив влегоа во резиденцијата на германскиот амбасадор во Атина.