Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионВидео: Американското и турското знаме запалени во Атина

Видео: Американското и турското знаме запалени во Атина

Знамињата на САД и на Турција беа запалени синоќа во центарот на грчката престолнина Атина, на митингот организиран од леви организации поради турското соборување на рускиот авион во вторникот во Сирија. Стотина луѓе се собраа на централниот атински плоштад „Синтагма“ и покрај зградата на грчкиот парламент се упатиле кон турската амбасада, пренесуваат медиумите.

Полицијата ги застанала демонстрантите на 300 метри од амбасадата, веднаш пред споменикот подигнат во чест на грчките пилоти кои починале во инцидентот со турските воздушни сили во близина на островот Имија 1996 година. Веднаш по тој инцидент двете земји членки на НАТО биле на раб на војна. Демонстрантите држеле транспаренти против НАТО, барајќи Грција да излезе од Алијансата и во тој момент го запалиле американското и турско знаме.