Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионВидео: Алармантно во Србија – вонредна состојба поради поплавите

Видео: Алармантно во Србија – вонредна состојба поради поплавите

Поради обилните врнежи во Србија реките почнаа да се прелеваат. Неколку општини се веќе под вода, а властите прогласуваат вонредна состојба. Една од најпогодените општини во моментов е Нови Пазар, чиј градоначалник за српските медиуми изјавил дека во моментов се преземаат повеќе мерки за справување со ситуацијата.

Луѓето од најзагрозените области се евакуираат, а механизацијата на сите јавни и приватни претпријатија е на терен, со цел да се интервенира онаму каде што е потребно. Договорено е во служба на населението да се стават и пожарникарите и војската. На критичните места се поставуваат вреќи со песок, а во поголемиот дел од Нови Пазар нема вода и струја.

Во тек е евакуација на населението од Чачак, Топола, Баина Башта, Пожега. Најкритична е состојбата во селата кои се простираат по должина на реката Чемерница, каде се поплавени околу 500-тини домаќинства, оштетени се поголем регионални патишта, а во Баина Башта веќе има лизгање на земјиштето.

По обилните дождови и поплави кои ја погодија централна Србија, водостојот на реките е во континуиран пораст, што може да се види и по браната во Овчарско-кабларската клисура. Водата од Западна Морава прво се акумилира во Овчарско-кабларското езеро, потоа по тунел оди до хидроелектраната Овчар Бања, па се влева во езерото Меѓувршје. Пред Чачак, кај Парменац, се наоѓа уште една брана и езеро.