Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионВидео: Ајкула доплива до плажа во Херцег Нови

Видео: Ајкула доплива до плажа во Херцег Нови

Ајкула младенче доплива до плажата во Херцег Нови. Капачите ја забележале ајкулата во плиткото, а потоа неколкумина од нив со раце ја извадиле од водата. Забележале дека има закачена јадица која веднаш ја извадиле. Ја фотографирале малата ајкула и ја вратиле во морето – пренесуваат локалните медиуми.

Младенчето било долго еден метар. Александар Јоксимовиќ од Институтот за биологија на морето во Котор рекол дека не е ништо невообичаено за ајкули да залутаат во овој залив, но тие набрзо и излегуваат, бидејќи заливот за нив е премногу мал.