HomeДЕНЕШНАРепубликаВидео: Ахмети непожелен во Куманово – се врати со искршени стакла на автомобилот

Видео: Ахмети непожелен во Куманово – се врати со искршени стакла на автомобилот

ahmeti-kumanoivo

Група граѓани се собраа на влезот на кумановското село Черкезе, со намера да го спречат собирот на ДУИ и лидерот на партијата Али Ахмети со партиските активисти од Куманово. Собирот на граѓани против ДУИ е организиран од семејството на Џемаил Реџепи – поранешен командант Шкипоња кој беше убиен минатото лето, по кавгите и пресметките на огранокот на ДУИ во Куманово.

Жителите го блокира патот кон ресторанот каде што требаше да се одржи собирот и средбата на Али Ахмети со активистите на ДУИ. Жителите своето незадоволство го искажаа и со крешење на стаклото на едно од возилата со кои пристигнала делегацијата на ДУИ, објавија телевизијата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com