Tuesday, Mar 19, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосно(Видео) 105 роденден го прослави на ролеркостер!

(Видео) 105 роденден го прослави на ролеркостер!

Џек Рејнолдс од Честерфилд во Велика Британија, стана најстариот човек кој се возил на ролеркостер и така влезе во Гинисовата книга на рекорди.

Иако има повеќе од 100 години и паравнуци, Џек е постојано во потрага по возбуда, пренесува “МИА”.

По возењето неговата ќерка Џејн која има 56 години му ја подаде роденденска торта, а Џек изјави пред насобраните новинари дека се било во ред и дека тој е подготвен за следното возење.

Инаку, ова е втор пат Џек Рејнолдс да го собори светскиот рекорд. Кога минатата година го прослави роденден, стана најстариот човек кој за прв пат направи тетоважа.