Friday, Mar 29, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалВидал оди во „голем европски гигант“

Видал оди во „голем европски гигант“

Чилеанскиот играч за врска Артуро Видал веќе подолго време се шпекулира дека ќе го напушти Јувентус ова лето. Шпанскиот весник „Марка“ тврди дека Јувентус веќе успеал да го продаде Видал на „голем европски гигант“. Имајќи во предвид дека три екипи беа сериозно заинтересирани за неговите услуги се претпоставува дека неговиот иден клуб ќе биде Реал Мадрид или Манчестер Јунајтед.

vidal

Шпекулациите уште повеќе ги подргреа веста дека бјанко нерите покажале голем интерес да го доведат шпанскиот репрезентативец Иско во своите редови што би отворило простор за трансфер на Видал во Реал или Манчестер. Имено според „Марка“ се очекува крајот на Копа Америка за да биде објавен големиот трансфер.