Thursday, Apr 25, 2024
HomeГИГА БАЈТПЦViber против WhatsApp – Која е подобра

Viber против WhatsApp – Која е подобра

Viber и WhatsApp се убедливо најпопуларните апликации за брзо допишување доколку не ги земеме во предвид однапред инсталираните апликации Hangouts на Google и iMessages на Apple, па затоа се поставува прашањето која од двете е подобра и која заслужува да ја инсталирате на вашиот Android или iOs смартфон.

Viber и WhatsApp имаат совршен интерфејс за „четување“ со можност за праќање на брзи пораки, учество во групни разговори, испраќање на мултимедијални содржини, како слики, видеа и аудио, но еден е победник. Viber има голема предност со можноста за бесплатни телефонски повици, секако доколку имате интернет конекција, додека пак WhatsApp тек допрва ќе го применува овој конецпт за своите корисници и треба време додека не се постигне стабилен сервис.

Втората предност на Viber е тоа што има многу побогат избор на емотикони, емоџи и стикери и имате цела онлајн продавница на „смајли“ со кои ќе имате забавна комуникација. Секако, WhatsApp нуди слични емотикони, но нивниот избор е помал.

Третата и можеби пресудна предност на Viber е 0 денари за корисниците, односно инсталацијата и користењето се целосно бесплатни, а WhatsApp по една година бара годишна претплата од 0.99 долари што секако не е многу, но зошто да трошите пари.

Viber единствен проблем има со функционалноста на одредени смартфони каде се јавуваат багови, но од компанијата брзо реагираат и често има надградби кои ги решаваат сите проблеми. Што мислите вие, која апликација е подобра и која вие ја користите.

Извор: telefoni.mk