HomeГИГА БАЈТСмартфонViber почна да го имитира Facebook Messenger и тоа не го крие

Viber почна да го имитира Facebook Messenger и тоа не го крие

Viber како една од првите оригинални апликации за допишување со најновата промена реши да личи на Facebook и целосно да го промени препознатливиот интерфејс. Ако ја отворите новата верзија на апликацијата ќе забележите дека позадината сега повеќе е сина отколку оригиналната виолетова, а додадена е и можност за „боење“ на вашите разговори слично како кај Facebook Messenger.

viber-new1

Промените не ги крие ниту самиот Viber кој признава дека новата боја е највпечатливата измена. Од функционалните промени воведено е ново мени за споделување на мултимедијални содржини кое е доста ефикасно и прегледно и многу брзо ќе испраќате слики, видеа и фајлови. Воведени се и подобри филтри за блокирање на спам пораки.

Дали ви стигна новата верзија на Viber и која е вашата оценка, ви се допаѓа сега повеќе или пак сметате дека е изгубена оригиналноста.

Извор: telefoni.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com