Thursday, Apr 25, 2024
HomeАНТИСТРЕСЕкимВежбите за дишење можат да го убијат стресот

Вежбите за дишење можат да го убијат стресот

Дали некогаш сте забележале дека по напорниот ден ви е полесно да легнете и да земете длабок здив? Тоа ви помага да се опуштите, но не можете секогаш така да земете длабок воздух – некогаш вашиот стомак е преполн со храна, некогаш носите тесни панталони, а некогаш едноставно сте премногу напнати. Сепак, кога и да сте во можност, може да се опуштите на следните неколку начини:

Вежба за дишење со стомак
чекор: Пробајте длабоко да вдишете и издишете на нос. На тој начин го прочистувате, загревате и го навлажнувате воздухот.
чекор: Легнете и наместете се во положба во која се чувствувате удобно. Полека почнете да ги опуштате мускулите на нозете, колковите, стомакот, градите, рацете и вратот.
чекор: Насочете го вниманието на вашето дишење и опуштање. Кога ќе се опуштите, вдишете и дозволете вашиот стомак да се подигне, а потоа полека издишете и дозволете да ви се вовлече стомакот.
Применувајте ја оваа вежба два пати дневно (секој пат по околу 10 вдишувања) во текот на неделата или повеќе. Практикувајте секој пат кога мислите дека ви е потребно.

Бенефиции од длабокото дишење
Дишењето на овој начин ви помага подобро да се фокусирате и да ги прочистите вашиот ум и тело. Исто така, може да го намали крвниот притисок, бројо на отчукувања на срцето и брзината на дишењето, што помага за подобар проток на оксидирана крв низ телото, а го ослободува и стресот.