Wednesday, Apr 24, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈОстанатиВетеранот Томи Стефановски трет на маратонот во Канада

Ветеранот Томи Стефановски трет на маратонот во Канада

Македонскиот маратонец во пливање Томи Стефановски (44) го освои третото место на трката во Сен Жан во Канада во рамки од Гран-при серијата на ФИНА.

Патеката долга 32 км., македонскиот маратонец ја преплива со време од 6:39.28,48 часа и повторно се искачи на подиумот на престижната трка во маратонското пливање. Успешен настап имале и другите двајца македонски маратонци, Евгениј Поп Ацев го освои петтото место со време 6.41:42 часа, а Александар Илиевски заврши на деветтата позиција со 6.52:20.

Првото место во машка конкуренција го освои Американецот Александер Мајер, а пласман пред Стефановски оствари и Италијанецот Едоардо Стокино. Во женска конкуренција триумфирала Русинката Олга Козидуб.

По маратонот во Канада, во Гран-при серијата сега следува Охридскиот маратон на 20 август, а потоа и маратонот на 4 септември во Капри, Италија.