HomeДЕНЕШНАПолитикаВесниците прегазени – Тој што ги уништи сега ќе ги спасува со субвенции

Весниците прегазени – Тој што ги уништи сега ќе ги спасува со субвенции

vmro-dpmne-mitint-kicevo

Медиумите во Македонија и слободата на изразување никогаш не биле во полоша состојба. Цензура и автоцензура – нарачки, заплашувања, притисоци. Во овие десет години имаме мртов новинар, затворани и тепани новинари, цели медиуми под комплетна контрола на власта – партиски мегафони кои во ниту еден момент не го ставија јавниот интерес пред личниот. Оваа власт креираше медиуми кои ја прегазија професијата и ја затупеа јавноста. Да не заборавиме дека неколку медиуми згаснаа, токму откако Груевски е на Власт. А1, Време… Да не заборавиме ниту што се случи со печатените медиуми, менувањето уредници (дел од нив комплетно се откажаа од мејнстим медиумите и останаа да ја водат битката за професијата на интернет). Да не забораваме и колку милиони легнаа на сметките на неколку медиуми. Сега, поранешниот премиер Никола Груевски најавува субвенции ва весниците. Со нов трик ќе наметне дополнителна контрола врз сите печатени медиуми, без можност некој да „куртули“.

Тој на вечерашниот митинг во Кичево најави субвенции во 1018.
– За прв пат ќе воведеме субвенции за весниците. Со обзир на тоа што интернетот пенетрира, порталите сè повеќе добиваат на тежина и значење, весниците сè потешко преживуваат. По теркот на истото во Германија, Франција или други држави, каде што државата ги субвенционира весниците за да опстанат. Владата од 2018 година ќе воведе субвенционирање на весниците по еден правичен критериум кој дополнително ќе биде објавен – рече Груевски.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com