Friday, Apr 19, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмВесли Снајпс сака повторно да биде Blade

Весли Снајпс сака повторно да биде Blade

Весли Снајпс по излегувањето од затвор и стагнацијата на актерската кариера верува дека со враќање на култната улога на ловецот на вампири Blade значително ќе ја добие довербата на фановите и посакува нов филм кој би бил четврти во серијата, но овој пат со нови сценаристи помогнати од студиото на Marvel.

wesley-snipes_blade2

„Навистина сум расположен за снимање на нов Blade. Мислам дека оставивме многу приказни нераскажани, а би сакал да се вратам со костимот и да направам неколку работи кои ги научив досега. Почетоците беа навистина експериментални, така што сега знаеме каде би се движело дејството и приказната,“ изјави Весли Снајпс.

Пред десетина години Blade беше еден од најсупешните филмови инспириран од Marvel Comics кои потоа беа наследени со ултра хитовите Iron Man, Thor, Captain America и The Avengers, но добар дел од фановите се уште се надеваат дека повторно ќе го видат Весли Снајпс во акција.

За филмската сцена продолжението на Blade исто така ќе биде пожелно, бидејќи добрите акциони филмови со вампири одамна ги нема во кино салите, а самиот херој е доволно атрактивен, брутален и „кул“ за гледање. Исто така на овој начин ќе биде исправена и грешката од 2004-та со третиот и последен Blade кој беше навистина лош и фановите и критичарите му дадоа екстремно негативни оценки.