HomeГИГА БАЈТХај текВештачката интелигенција може да не уништи…

Вештачката интелигенција може да не уништи…

Голем број на луѓе веќе се соочуваат со проблеми со вируси на своите компјутери, паметни телефони и таблети, а со развојот на вештачката интелигенција ваквите закани би можеле да станат многу поопасни. Развојот на вештачката интелигенција би можел да доведе и до развој на нови видови на паметни вируси и малвери кои би можеле да бидат искористени од хакерите за опасни напади.

Дејв Палмер од безбедносната компанија Darktrace предупредува дека доколку вештачката интелигенција некогаш биде искористена за развој на компјутерски вируси, последиците би можеле да бидат катастрофални и застрашувачки. Ваквите напади би биле доста софистицирани, посебно погубни за големите компании и да нанесат доста големи штети.
haker
Ransomware е многу популарен кај хакерите и се користи за заклучување на компјутерите, па доколку некој сака компјутерот да му биде отклучен, тогаш ќе мора да плати. Досега биле забележани неколку вакви хакерски напади на полициски станици, а откако властите немале решение за опасниот вирус, морале да им платат на хакерите за да им ги отклучат компјутерите.

Со понтамошниот развој на вештачката интелигенција и нејзината примена во хакерските напади, Палмер стравува дека криминалците би можеле да се насочат кон напади на покомплексни мети – електрани и фабрики каде што ќе стопираат одредени процеси се додека не добијат пари.

Исто така се стравува дека со помош на вештачката интелигенција полесно ќе се следи комуникацијата, ќе се читаат мејлови, а ќе може да се памети и стилот на пишување. Како некои од потенцијално најопасните хакерски напади, Палмер ги споменува „невидливите напади“ за кои што „нападнатиот“ нема да биде свесен за тоа, па „во позадина“ ќе се подметнуваат лажни документи и ќе се шират разни лажни информации.
sistem-oc
Палмер вели дека хакерите со помош на вештачката интелигенција би можеле да пристапат до доверливите информации на компаниите и без нивно знаење, на пример, да менуваат документации и податоци. Тој за пример зема нафтена компанија на која што хакерите би ги смениле географските координати за наоѓалиштата, па компанијата ќе врши испитувања на погрешни места и ќе загуби огромна сума на пари.

Ова е само еден од многуте радикални примери на кои што хакерите би можеле да ја искористат вештачката интелигенција за напади. Како и да е, воените аналитичари најмногу стравуваат од вирусите кои со помош на вештачката интелигенција би можеле да ги нападнат и да влијаат на работата на „воените роботи“.

Имено, станува збор за роботи кои што веќе со години ги развиваат најмоќните армии на светот и кои што во голема мера се управувани од вештачка интелигенција. Неодамна Русите тестираа робот-борбено возило кое што може само да ги бира метите и да донесе одлука кога и дали треба да нападне, а со такви роботи располага и американската армија.

Не треба да се напоменува што би се случило доколку ваквите роботи излезат од контрола или пак ако некој ги хакира и ја превземе контролата над нив. Неодамна рускиот министер за одбрана се пошегува и изјави дека на руската армија во иднина, покрај војниците, ќе им бидат потребни и гејмери, па лесно може да се претпостави што ни носи иднината и вештачката интелигенција.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com