HomeДЕНЕШНАПолитикаВештачењето го одложи рочиштето на Павле Богоевски

Вештачењето го одложи рочиштето на Павле Богоевски

pavle-sarena-revolucija

Судењето на Павле Богоевски, активистот на Шарената револуција и кандидат за пратеник во коалицијата СДСМ Павле Богоевски за боење на фасадата на Министерството за култура повторно се одложи, бидејќи обвинителката достави вештачење за штетата, изготвено на 5 мај, два и пол месеци пред да биде поднесено обвинението.

За судијата, овој документ беше изненадување. Во него се вели дека штетата од фрлањето боја била пресметана на 378.000 денари, а минатиот пат судењето се одложи токму поради тоа што министерството немаше пријавено штета кон обвинителниот акт против Богоевски. Во обвинението стоеше само „значителна материјална штета”.

Вештачењето го поднесе обвинителката, која тврдеше дека и таа го добила дури на деветти овој месец, а Богоевски и судот, првпат дознаа дека постои на денешното рочиште, поради што и одбраната побара и доби одлагање за 21 декември.

Богоевски не даде изјава, бидејќи е кандидат за пратеник и би го постапил спротивно од одредбите од Изборниот законик. На судењето дојде и повиканиот претставник од Министерството за култура, кој требаше да даде изјава пред судот колкава била материјалната штета врз фасадата на оваа зграда која се смета за споменик на културата.

Седум учесници на демонстрациите на Шарената револуција во Скопје добија кривични пријави од полицијата поради „основан сомнеж дека учествувале во толпа што ќе изврши кривично дело“.

Кривичните пријави се за протестот на 18 април кога беше боена фасадата на Министерството за култура, за кој МВР вели дека е објект од значајно културно наследство.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com