Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВерушевска и Палифров ќе се бранат од слобода

Верушевска и Палифров ќе се бранат од слобода

Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје им ја укина мерката притвор на Бранко Палифров и Соња Верушевска и наместо тоа воведе мерки за обезбедување со гаранција на нивниот недвижен имот.

Против Бранко Палифров и Соња Верушевска ќе продолжи водењето на кривичната постапка по покренатото обвинение за Насилство спрема претставници на највисоки државни органи. Сопругата на Верушевски се сомнични дека му помагала да ги сочува и преведе материјалите обезбедени преку шпионажа наменети за странски служби, а Бранко Палифров соработникот на Зоран Заев во општина Струмица се сомничи за помагање во делото насилство спрема претставници на највисоките државни органи.