Tuesday, May 23, 2017
HomeДЕНЕШНАПолитикаВерски натпревар во Бутел, ќе се издигне 55 метарски крст

Верски натпревар во Бутел, ќе се издигне 55 метарски крст

krst

Советниците од владејачкото мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ ја изгласаа одлуката на територија на општина Бутел да се гради 55 метарски крст, а локацијата и буџетот се уште не се одредени.

Ако може да се претпостави изградбата на крстот ќе донесе нетрпеливости со оглед на мешаното етничко население кое оваа одлука ќе ја доживее како „маркирање“ на територија, но и обид да се возврати за неколку неодамна изградени џамии за верските потреби на муслимнското население.

На гласањето воздржани биле советниците од опозицијата, барем така гласат непроверените партиски извори. Како гласале албанските советници нема информации.