Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаВербална расправија во Кичево заврши крваво

Вербална расправија во Кичево заврши крваво

Вчера околу 16:50 часот во Кичево, при вербална расправија помеѓу Б.А. (40) од кичевското село Бачишта и А.Р. (33) од Кичево завршила крваво. Имено, како што информира полицијата, Б.А. со нож го нападнал А.Р. при што му нанел убодна рана во стомакот.

По нападот А.Р. се упатил во Медицинскиот центар Кичево, а Б.А. побегнал од местото на настанот.

По кратко време Б.А. е приведен и лишен од слобода од страна на полициски службеници. Пронајден и одземен бил ножот со кој го сторил кривичното дело. А.Р. од Медицинскиот центар Кичево е пренесен во Медицинскиот центар Битола.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.