HomeАНТИСТРЕСШтосноВенчавка на Роми во Словачка стана вистински хит на интернет! (ВИДЕО)

Венчавка на Роми во Словачка стана вистински хит на интернет! (ВИДЕО)

После долгогодишна врска, Лукаш и Евка одлучиле да се венчаат и да приредат таква церемонија што за неа ќе се зборува во цела Словачка, но и пошироко која траела четири дена и чинела повеќе десетици илјади евра. На крајот невестата била толку многу накитена што изгледало дека нејзиниот фустан е направен од пари. За „венчавката на годината во Словенија“, младиот пар само за својата облека потрошил околу 10.000 евра, што вклучувало костим и фустан со позлатени детали и златна круна.

После завршувањето на церемонијата, започнало четиридневно славје на кое било испиено 400 литри алкохол! Краткото видео од најинтересни моменти вклучува и лепење на голема сума на пари на музичарите, како и китење на невестата. „Ја почитуваме традицијата. На никого не смееше да му недостига ништо на прославата. Сакавме да ги испочитуваме нашите гости. Мораа да имаат се што ќе посакаат“, изјави таткото на младоженецот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com