Tuesday, Apr 16, 2024
HomeАНТИСТРЕСПатувањеВенеција се крена против туристите: „Ќе дадеме се градот да не се распадне“

Венеција се крена против туристите: „Ќе дадеме се градот да не се распадне“

Венеција е романтична, волшебна и како таква привлекува и до 20 милиони туристи секоја година. Но, локалното население сака да го врати својот град. Илјадници жители на Венеција ги блокираа улиците, мафтајќи со торби и кошници за шопинг во знак на протест против групите туристи, кои го заземаат градот секоја година. Тие се гласни и одлучни додека зборуваат за својата работа и неверојатно скапите цени на кириите, додека од друга страна сопствениците на продавници за сувенири добро заработуваат.

Венеција е позната по нејзините канали, гондоли и рижото. Лавиринтите на средновековните улици, големите плоштади и многу убавите цркви се она што овој град го прави идеална локација за одмор. Повеќе од 60.000 туристи пристигнуваат секој ден со крузер или воз, а бројот од локалното население изнесува 55.000.

– Ние сме најверојатно последната генерација која живее во Венеција како вистински град, со работа и дом и нормално секојдневие, напиша еден од учесниците во протестите од групата Генерација 90 во јавно писмо на Фејсбук.

– Само да разјасниме: ние не сме носталгични, веќе ни е доста од се. Но исто така сме и реални и одлучни да дадеме се од себе овој град, наш град, да не распадне, се додава во писмото.

Тие сакат да ја променат сегашната политика на градот која привлекува туристи, кои поминуваат само четири или пет часа и потоа заминуваат.