HomeФЕР ПЛЕЈФудбалВејн Руни им се извини на навивачите поради срамните фотографии кои беа објавени во медиумите

Вејн Руни им се извини на навивачите поради срамните фотографии кои беа објавени во медиумите

wayne-rooney-drunk-on-the-sun-front-page-640x400

Капитенот на Јунајтед и „Гордиот Албион“, Вејн Руни, повторно беше топ тема на англиските медиуми, но овој пат не поради лошите игри на теренот. Вчера елитниот „Сан“ објави фотографии кои откриваат дека Руни слободниот ден од репрезентацијата го искористи во барот во хотелот каде имало венчавка, а истиот го напуштил во пијана состојба.

Исто така, медиумот објави изјава на сведок на таа забава во која се вели дека напаѓачот на Јунајтед не бил во добра состојба кога во еден часот наутро го напуштал барот. На овој потег на Руни бурно реагираа и неговите фанови, а тој синоќа преку изјава на своите претставници одлучи јавно им се извини.

„Вејн жали што фотографиите со фановите излегоа во јавност. Иако репрезентативците и стручниот штаб имаа слободен ден, Руни признава дека такви фотографии не се погодни за никого. Вејн приватно се сретна со селекторот Саутгејт и раководството на ФА и безрезервно им се извини. Исто така, сака да им се извини на сите млади фанови кои ги видоа тие фотографии“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com