Monday, Sep 25, 2017
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаВелосипедистот подлегна на повредите од вчерашната сообраќајка на „Рузвелтова“

Велосипедистот подлегна на повредите од вчерашната сообраќајка на „Рузвелтова“

Почина шеесет и четири годишниот скопјанец Никола С. кој вчера доживеа сообраќајна несреќа на „Рузвелтова“ додека го возел својот велосипед. Иако Итната помошо навреме интервенираше и го пренесе повредениот во Ургентниот центар, велосипедистот не успеал да се соочи со последиците од ударот.

Жртвата беше прегазена од автомобил марка „ауди“, управуван од 20-годишниот Е. Т. исто така од Скопје. Полициските службеници извршиле детален увид на местото на настанот и воедно го задржале момчето во полициска станица за да се земат примероци од крв и урина.