Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеВелосипедистите сакаат подобри паркинзи во Скопје

Велосипедистите сакаат подобри паркинзи во Скопје

Неофицијалната група на ентузијасти „На Точак“ кон подигање на свеста за потребата од повеќе, но и подобри паркинзи за велосипедите во Скопје.

За таа цел, на 24 јуни се  организира собир, таканаречен „Критична маса #38“ кој што ќе се одржи во Паркот на Франкофонијата во 19:00 часот. Собирот се одржува под мотото  „Саглам паркинг, раат кафе“.

Велосипедистите сакаат да ја потенцираат потребата од подобри паркинзи  и велосипедски патеки што би било поттик за многу луѓе својот стандарден превоз да го заменат со велосипеди. Општо е познато дека таквата одлука на луѓето би донела низа бенефиции како што се зачувување на здрава околина, рекреација и почист воздух.

AMSTERDAM VELOSIPEDI

Пример за вистински велосипедски град на светско ниво е Амстердам. Овој град нуди обележани велосипедските патеки, соодветни места каде што можете да го оставите и да го заклучите својот велосипед, а постојат и катни паркиралишта за велосипеди, кои се под надзор.  Споредено со другиот вид на транспорт во градот, патувањето со велосипед е евтина опција.