Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеВелосипедистите дефилираа за почит во сообраќајот

Велосипедистите дефилираа за почит во сообраќајот

Голем број на граѓани се одзваа на повикот за одржување на велосипедското дефиле во Скопје иницирано од Автомото сојузот на Македонија како дел од проектот „Со велосипед на пат низ цел град“. Со вакви масовни собири, па макар и за еден ден се создава една убава слика за сообраќајот во градот и се добива впечаток дека велосипедот е многу корисен, а исто така треба да се подигне и свеста за безбедноста на велосипедистите.

Дефилето започна пред „Порта Македонија“ и се движеше до просториите на АМСМ, преку улицата „М.Т.Гологанов до „Веро Тафталиџе“, преку булеварот „8-ми Септември“ до „Ми-Да Моторс“, а потоа преку булеварот „Илинден“ до кафе-бар „Штала“ и до крајната цел, „Школка“ во Градски парк каде учесниците на дефилето се забавуваа и со музичките настапи.

velosipedi2

Град Скопје го подржа дефилето и градоначалникот Коце Трајановски ги пренесе своите заложби за подобрување на условите за возење велосипед.

koce na tocak– Градот Скопје се вклучи во проектот „Со велосипед на пат низ целиот град“ бидејќи тој е во насока на промоција на велосипедот како сообраќајно превозно средство. Во рамки на овој проект, АМСМ на Градот Скопје, поточно на ЈП “Градски паркинг” донираше 35 велосипеди, кои ќе им бидат достапни на граѓаните и тие ќе можат да ги изнајмуваат, изјави Трајановски.

Во Скопје има се поголем број на велосипедисти, па освен рекреативците многу граѓани го користат и како секојдневно превозно средство. Затоа потребно е подобрување на патната инфраструктура но, и поголема култура во сообраќајот и почитување на велосипедистите како рамноправни учесници.