Thursday, Apr 25, 2024
HomeАНТИСТРЕСЖуркиВеликанот на електронската музичка сцена Свен Ват на Грин Бич фестивал во Охрид!

Великанот на електронската музичка сцена Свен Ват на Грин Бич фестивал во Охрид!

Позната како најдобрата летна журка во Македонија, Грин Бич Фестивал годинава го отвора своето осмо возбудливо издание на кое во импозантниот список на артисти се запишува и ненадминливиот маг на електронската музика Свен Ват со кој продолжува традицијата на колосални журки на ГРИН БИЧ ФЕСТИВАЛ. Секоја година повеќе од 10.000 луѓе го дочекуваат утрото на плажата Парк во Охрид, со најдобрите имиња од светската електронска сцена. Оваа година, Грин Бич Фестивал има чест да го претставува легендарниот германски диџеј Свен Ват.

Неговиот клуб Cocoon во Франкфурт беше прогласен за најдобар клуб во светот според славниот Микс Маг (Mix Mag), а неговиот триумфален поход на најексклузивните планетарни дестинации не престанува и бележи две децении од постоењето на овој славен клуб со турнејата кој е дефинитивен синоним за врвен клабинг. Од Франкфурт преку Лондон, Ибица, Сао Паоло и Токио, харизматичниот Свен Ват со своите гостувања привлекува илјадници фанови на електронската музика.