Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСветВелика Британија е под силно обезбедување, висок ризик од нови напади

Велика Британија е под силно обезбедување, висок ризик од нови напади

Велика Британија го зголеми нивото од терористички закани на „критично“ што значи дека е можен нов напад, изјави премиерката Тереза Меј. Таа дополнила дека се распоредуваат војници кои треба да им помогнат на вооружените полицајци, пренесе агенцијата АФП.

„Можноста дека постои група на поединци кои се поврзани со овој напад е веројатност која не можеме да ја игнорираме“, рекла Меј по самоубиствениот бомбашки напад во Манчестер по концертот на поп пејачката Аријана Гранде. Во нападот загинаа 22 лица, а 59 се повредени.

Исламската држава ја презеде одговорноста за терористичкиот напад кој се случи во понеделникот. Напаѓачот е идентификуван како Салман Абеди (23).

Луѓето кои го преживеаја бомбашкиот напад во „Манчестер арена“, рекле дека безбедносната проверка пред концертот не била добра.

Сеуште е нејасно како бомбашот успеал да влезе во салата незабележан. Експлозијата се случила веднаш по завршувањето ан концертот.

Извор: makfax.com.mk