Tuesday, Apr 23, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРТеатарВелешки Народен театар се бори за наградата најдобар актер на ,,Македонско културно лето" во Албанија

Велешки Народен театар се бори за наградата најдобар актер на ,,Македонско културно лето" во Албанија

,,Спанаќ со пржени компири” е насловот на претставата со која Ансамблот на велешкиот Народен театар учествуваше на Фестивалот „Македонско културно лето“ што вечерва завршува во Мала Преспа, Албанија. Претставата е по текст на унгарскиот автор Золтан Егреши,а во режија на младиот режисер Ненад Витанов.

Пред македонската пубкика во Мала Преспа своите актерски профили ги претставија  Жарко Спасовски, Фаик Мефаиловски и Владимир Тулиев актер на Штипскиот Народен театар.

Претставата е во конкуренција за наградите на фестивалот за избор на најдобар актер бидеќи во неа играат само актери. Ќе биде прогласена и најдобра актерка, а наградите ќе бидат доделени вечерва на затворање на фестивалот.