Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаВелешани се помирја со УЈП

Велешани се помирја со УЈП

Околу 400 граѓани на Велес постигнаа договор со подрачното одделение на УЈП да им бидат простени високите казни од 200 евра за неподнесена аконтативна даночна пријава иако тие ги платите давачките кон државата. Според нив досега никогаш не поднесувале аконтативна даночна пријава туку даноците ги пресметувале во годишната пријава.

Казните беа наменети за лицата кои издавале недвижен имот како локали или станови. Од УЈП велат дека воделе активна кампања за информирање на граѓаните за Законот за персоналниот данок на доход кој важи од 1993-та година.