Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаВелешанец избоден со нож

Велешанец избоден со нож

Велешанец на возраст од 65-години облеан во крв синоќа е пронајден на влезот на Велес. Човекот во текот на вчерашниот ден бил во својата викендица, но околу 18 часот најверојатно тргнал накај дома. Бидејќи не се вратил дома, семејството почнало да го бара, објави Канал 5.

Кога се доближиле кон викендицата го забележале како беспомошно лежи на земја. Од велешката болница велат дека човекот бил донесен во бессознание. Лекарите направиле брза реанимација со оглед на тоа дека се наоѓал во животно загрозувачка состојба. Имал повреди на главата и убодни рани во пределот на стомакот.

Поради сериозноста на повредите настраданиот веднаш бил пренесен во скопскиот ургентен центар. Полицијата направи увид на местото на настанот. Засега надлежните не откриваат детали за тоа што му се случило. Велат дека се превземаат мерки за расветлување на случајот. Истрагата треба да покаже дали станува збор за обид за убиство.