HomeДЕНЕШНАРепубликаВелешани „дебело“ заработуваат на Трамп и Хилари

Велешани „дебело“ заработуваат на Трамп и Хилари

sajt-veles-tramp

Група тинејџери од Велес заработуваат прилично големи суми на пари од лажни и сензационалистички вести за Доналд Трамп и Хилари Клинтон. „Ова е веста на милениумот“, пишува „WorldPoliticus“. Цитираат неименуван извор од ФБИ, кој тврди дека Хилари Клинтон ќе биде обвинета во 2017 година за нејзините злосторства во врска со скандалот со мејловите.

„Вашите молитви се слушнати“, стои во насловот. За оние кои го поддржуваат Трамп можеби е така. Тие помогнале оваа тотално неточна приказна да добие повеќе од 140.000 споделувања и голем број на коментари на Фејсбук. Во исто време, на 7.000 километри од САД, во еден наш град, едно момче гледа како парите растат на неговата сметка од огласите на “Google”.

Во последната година, македонскиот град Велес го зафатила „златна грозница“, бидејќи локалците пуштиле во работа најмалку 140 веб страни кои се занимаваат со темата за американските претседателски избори. Овие веб страни имаат домени кои делуваат како навистина да се направени во САД – WorldPoliticus.com, TrupmVision365.com, USConservativeToday.com, DonaldTrumpNews.co, и “USADailyPolitics.com”…

Младите Велешани кои ги водат овие сајтови не се загрижени за Доналд Трамп, туку се водат од чисто економски интереси. Имено, корисник на Фејбук од САД “вреди” четири пати повеќе од корисник надвор од Америка. Тие увиделе дека најбрз начин за генерирање на сообраќај е приказната да се споделува на Фејсбук, а најдобар начин за генерирање на споделувања на оваа социјална мрежа е да се објавуваат лажни и сензационалистички приказни кои ги интересираат поддржувачите на Трамп.

“Да, информациите на сајтовите се лоши, лажни и доведуваат до заблуда, но од друга страна – доколку ги наведуваат луѓето да кликнат и да се ангажираат – тогаш тоа треба да се искористи”, рекол студентот од Велес кој води неколку такви сајтови, а кој барал да остане анонимен, пренесува BuzzFeed. BuzzFeed открил уште повеќе од 100 сајтови кои се занимаваат со изборите во САД, а кои потекнуваат од Велес. Еден од тие сајтови има повеќе од половина милион фанови на Фејсбук.

Во превод, сè се сведува на пари, а не на поддршка на политичка идеологија. “Го основав сајтот за лесно да дојдам до пари”, рекол 17-годишниот Македонец кој со уште четири лица ја работи оваа работа.

“Во Македонија економијата е многу слаба, на тинејџерите не им е дозволено да работат, па мора да најдеме креативен начин да заработиме. Јас сум музичар, но не можам да си дозволам инструменти. Тука во Македонија со приход од мал сајт можете многу да си дозволите”, вели овој тинејџер од Велес.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com