Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВељановски ги испрати пратениците – Собраниската сага продолжува утре

Вељановски ги испрати пратениците – Собраниската сага продолжува утре

И покрај тоа што пратеникот Оливер Спасовски од СДСМ побара од претседавачот Вељановски, собраниската дискусија да продолжи и по 18 часот, сепак тоа не се случи. Наместо тоа Вељановски му порача на Спасовски да го прочита деловникот за работа.

„Ви благодарам Спасовски, сепак вие прочитајте си го собранискиот деловник, има таму членови кои кажуваат кој носи такви одлуки“ – рече Вељановски.

По ова тој и официјално ја заврши седницата и го најави второто продолжение на конститутивната седница за утре во 12:00 часот напладне.