Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВељаноски: Потребно ни е обединување

Вељаноски: Потребно ни е обединување

На единство и обединување, повика претседателот на Собранието Трајко Вељаноски на прославата на Илинден пред споменикто на Методија Андонов Ченто во центарот на Скопје. Тој потенцираше дека за Македонија останува приоритет членството во НАТО и во ЕУ и вложувањето за развој на државата.

„Уште еднаш повикувам на обединување на сите политички структури зад големата идеја на Македонија. Повикувам на дополнително обновување на меѓусебната почит и разбирање помеѓу политичките партии. Тие не смеат да бидат непријатели и мораат да бидат конкуренти кои имаат иста цел“, рече Вељаноски.

Македонија е нашата заедничка цел. Предолго народот е заложник на една ваква непринципилена политика, потенцираше Вељаноски осврнувајќи се на политичката криза во својот говор по повод националниот празник Илинден.