Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВељаноски до Спасовски: И вие кога бевте опозиција сами си рециплиравте

Вељаноски до Спасовски: И вие кога бевте опозиција сами си рециплиравте

Откако сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се пријавија за реплика на дискусијата на нивниот сопартиец, пратеникот Антонио Милошоски реагираа од СДСМ.

Оливер Спасовски му се обрати на претседавачот Трајко Вељановски дека така не било договорена на координацијата и дека со внатрепартиските реплики се оддолжува изборот на комисијата за избори и именувања и претседателот на Собранието.

Вељановски (пратеник на ВМРО-ДПМНЕ) пак му одговори дека демократски е да се дебатира и дека и СДСМ кога биле опозиција сами на себе реплицирале и на тој начин ги користеле можностите дадени со деловникот на Собранието. Претседавачот со конститутивната седница им предложи на СДСМ да им покаже и стенограми како било кога биле во опозиција.

Внатрепартиската дебата се одвива повеќе од еден час, на секоја реплика од сопартиец, Милошоски одговара со контрареплика, а дискусиите се насочени против СДСМ. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ бараат откажување од таканаречената тиранска платформа и претседател на Собрание да биде некој што се откажал.