HomeДЕНЕШНАСветВеќе половина американски држави ја легализираа медицинската марихуана

Веќе половина американски држави ја легализираа медицинската марихуана

marihuana

Три американски сојузни држави – Калифорнија, Масачусетс и Невада, заедно со претседателските избори гласаа и на референдумот за легализирање на употребата на марихуана за рекреативни цели. Се уште не е јасно дали ќе дојде до истиот резултат во Мејн, додека во Аризона оваа мерка изгледа нема да се прифати.

Други три држави – Флорида, Арканзас и Северна Декота, го одобрија користењето на марихуаната за медицински цели. Со овие резултатите, веке половина од 50-те американски држави ја одобруваат „медицинската“ марихуана. Резултатите од референдумите, кои се одржаа паралелно со претседателските избори во САД, значително го зголемуваат легализирањето на марихуаната во земјата, најмногу во западниот дел.

Марихуната е веќе дозволена во државите Колорадо, Вашингтон, Орегон, Алјаска, како и во федералната престолнина Вашингтон. Во овие места полнолетните жители можат во согласност со законот да одгледуваат, купуваат и конзумираат марихуана и канабис, јави ДПА. Марихуната се уште останува забранета од федералното законодавство, но веќе 60 милиони Американци живеат во држави, каде е таа дозволена со локалните закони.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com