HomeФЕР ПЛЕЈФудбалВеќе нема дилеми, тој ја напушта Барса уште во јануари!

Веќе нема дилеми, тој ја напушта Барса уште во јануари!

Алеиш Видал е слободен да бара нов клуб, бидејќи во Барселона очигледно повеќе нема да добие шанса за настап. Овој десен бек по седми пат во низа беше изоставен од списокот на Луис Енрике, иако Серхио Роберто е надвор од тимот поради повреда. Тоа значи дека Видал и дефинитивно ќе ја напушти Барса во зимскиот трансфер период, бидејќи интерес за него покажаа бројни клубови.

Најблиско до него е Интер на кој му е потребен десен бек, но тие се заинтересирани и за Дармијан од Јунајтед, кој исто така се очекува во јануари да замине од англискиот клуб. Да се потсетиме, Барселона на зима би можела да го ангажира Стефан Лихштајнер од Јувентус, па така можеме да очекуваме интересни ротации на десната бековска позиција кај повеќе клубови.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com