Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеВеќе не се дише – протест во Аеродром против загадувањето

Веќе не се дише – протест во Аеродром против загадувањето

Помала група на граѓани од Аеродром и Ново Лисиче и денес во 11 часот протестираше пред седиштето на локалната самоуправа изразувајќи го својот револт од високиот степен на загадување на воздухот неколку пат над дозволеното.

zagaden vozduh

Граѓаните со заштитни маски побараа средба со градоначалникот Коневски, но од иницијативите за намалување на загадувањето велат дека се уште не биле примени. Мерните станици во последните денови покажуваа најголемо загадување во Скопје и особено на територија на општина Аеродром, но се уште нема никакви мерки за справување со состојбата.