Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеВедрото утро ја затвори скопската обиколница за снимање

Ведрото утро ја затвори скопската обиколница за снимање

Поради разведрување на временските околности скопската обиколница денеска, од 5:00 до 18:00 часот, повторно ќе биде затворена за сообраќај поради снимањето на францускиот филм „А фонд“ и сообраќајот ќе биде пренасочуван.

Како што соопшти АМСМ, поради снимањето на филмот најавено е дека до крајот на месецов во зависност од временските услови обиколницата ќе биде затворена од 7 до 19 часот.