Saturday, Mar 25, 2017
HomeРЕФЛЕКТОРТеатарВечерва започнува театарскиот фестивал ,,Актерот на Европа"

Вечерва започнува театарскиот фестивал ,,Актерот на Европа"

Хорот ,,Света Злата Мегленска” вечерва во Ресен ќе го означи почетокот на  13Интернационалниот театарски фестивал ,,Актерот на Европа”. Во рамките на фестивалот, на  словенечката актерка Милена Зупанчиќ ќе и биде доделена наградата „ Актер на Европа за 2015 година“, а за прв пат ќе се додели наградата „ Клучевите на Преспа“со која ќе бидат почестени  францускиот научник Ксавиер Боне и нашиот универзитетски професор Вера Битракова- Грозданова. Предвидени се 6 фестивалски вечери , а публиката ќе има можност да проследи претстави од Германија, Словенија, Бугарија и од Македонија. Исто така, ќе биде отворена изложба на скулптури од црногорскиот уметник Драган Тешановиќ. Со поезијата од француски авотри ,,Европа овде,Европа таму” ќе биде одбележана сто годишнината од Првата Светска војна. Проектот е дел од програмата за децентрализирана соработка меѓу Република Македонија и Долна Нормандија, а основач на фестивалот е Јордан Плевнеш. Овој тетатарски фестивал ќе трае до 11 јули