Friday, Apr 19, 2024
HomeАНТИСТРЕСЖуркиВечерва во Прилеп започнува „Пивофест“, четиридневен празник на пивото и добрата забава

Вечерва во Прилеп започнува „Пивофест“, четиридневен празник на пивото и добрата забава

Од денеска (14.07) па се до недела (17.07) во Прилеп ќе се одржува 14-тото издание „Пивофест 2016“ кое и годинава ќе понуди богата музичка програма и добра забава за сите посетители.

Фестивалот започнува вечерва со настапот на блузерите од „Кросроуд блуз-бенд“, а потоа на грандиозната сцена ќе настапат: Рафаел, „Тропико бенд“ и европската атрактивна група „Флај проџект“.

Според организаторите, годинава се очекуваат од 350 до 400.000 гости. Над 40 видови пиво е предвидено да се најде на штандовите во сите четири фестивалски денови, кои меѓу другото ќе бидат исполнети и со одлична забава и вкусна скара.

На гостите на фестивалот, Прилеп им обезбеди околу 20.000 паркинг места, а штандовите ќе бидат поставени на булеварот во центарот на градот на 20.000 метри квадратни.

Водители на манифестација ќе бидат Жарко Димитриоски и Марјана Станојковска.